Македонските лекари ќе разменуваат искуства со лекари од Хрватска

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска престојува во еднодневна работна посета во Загреб. Предвидено е министерот да оствари средби со својот хрватски колега Рајко Остојиќ на која ќе биде потпишан План за соработка меѓу двете министерства во областа на здравството и медицината за период од 2013 до 2016 година.

Со Планот се предвидува соработка во областите на јавното здравје и медицинските науки за кои постои заеднички интерес, како што се размена на информации, искуства и здравствени експерти заради обезбедување советодавни услуги при лекување пациенти, во областа на  донирање и трансплантација на органи, на изработката на протоколи, упатства, водичи и стандарди, на програми за превенција и рано откривање карцином, обезбедување специјалистичко усовршување за доктори на медицина, стипендисти од Република Македонија во Република Хрватска, размена на информации за нова опрема, производи и технолошки достигнувања кои се однесуваат на медицината и здравјето, како и размена на информации и искуства во врска со активностите за пристапување на Република Македонија во Европската унија.

11.12.2013 - 09:23
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега