ФОТО: Само за дами - НБА потпетици

Направени се високи потпетици за девојките кои обожаваат кошарка. Компанијата „Herstar“ нуди класични женски чевли со потпетица која е многу висока, а истите се декорирани со боите на најдобрите НБА тимови.

Чикаго Булс, двата клуба од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперси, само треба да изберете лого и боја на омилениот тим.

Чевлите сеизработени  рачно, од антилоп кожа, грбот на тимот е извезен со свилен конец, висината на потпетицата е 11 сантиметри, а платформата има скоро 4 сантиметри.

Овие чеввли можете да ги нарачете преку Интернет по цена од 80 долари 

12.12.2013 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега