Јанчева: Половина мандат на ДПМНЕ во Скопје, нема бесплатен превоз a ЈСП е пред колапс
На половина мандат, на Скопје му се случува нова катастрофа поради неспособната локална власт на ДПМНЕ, изјави на прес-конференција, Љубица Јанчева, координаторка на советничка група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.
Таа рече дека изминуваат две години од мандатот на ДПМНЕ во Скопје – заедничка локална власт со градоначалничката Арсовска за којашто бараа доверба од граѓаните.
„Најголемо ветување на изборите беше ветувањето за целосно бесплатен јавен градски превоз. По 2 години, бесплатен јавен градски превоз во Скопје ветен од ДПМНЕ нема! Не е реализирано ниту ветувањето за 250 нови автобуси. Проектот за еколошки, брз транспорт БТР, е стопиран. Не само што нема бесплатен превоз, туку градскиот сообраќај и јавниот транспорт се во постојан хаос, а ЈСП пред колапс. На приватните превозници повторно, со месеци им се доцни исплатата. А за средношколците дотациите, за бесплатен јавен превоз се 100 отсто исплатени“, рече Јанчева.
Вели дека поради неспособноста на ДПМНЕ и Арсовска страдаат граѓаните на Скопје. Нема редовни автобуси, граѓаните, студените, учениците чекаат премногу долго и доцнат.
Јанчева предупреди дека на повидок е ново стопирање на јавниот превоз, а наместо лажни изговори, ДПМНЕ и Арсовска треба да најдат решение за проблемите во ЈСП што тие ги создале, додека директорот треба да понесе одговорност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа