Груевски и Спасов доделија пакетчиња на дечињата од Домот 11 Октомври

Премиерот Никола Груевски денеска заедно со министерот за труд и социјала, Диме Спасов, го посети Домот за деца 11 Октомври. Премиерот и министерот на дечињата им подарија пакетчиња по повод претстојните новогодишни празници. 

Груевски ја искористи приликата да им ги честита претстојните празници и да им посака многу здравје, среќа и успех во наредната година, додека министерот Спасов потенцира дека за Владата и Министерството за труд и социјална политика грижата за децата без родители и родителска грижа е и ќе остане врвен приоритет.

- Изминатиот период се спроведуваа голем број проекти насочени кон зголемување на поддршката на овие деца, како што е Програмата Д 10 преку која само годинава се вработени 83 лица кои имале ваков статус до својата 18 година во државните институции, а се зголеми и финансиската поддршка за децата кои го продолжуваат своето учење односно се запишуваат на факултет, постдипломски магистарски па дури и докторски студии во висина од 24 илјади денари месечно, рече Спасов.

Спасов додава и дека е зголемена и еднократната парична помош при напуштање на Домот во висина од 180 илјади денари и дека овие деца не се оставени сами на себе, туку државата и институциите навистина се грижат за нив.

Во знак на благодарност, дечињата пред премиерот и министерот за труд и социјала изведоа претстава која сами ја подготвиле.

15.12.2013 - 13:11
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега