19 годишно момче пронајдено мртво во шахта

19 годишно момче вчера е пронајдено мртво во шахта во една напуштена зграда во Загреб во рутниска контрола на полицијата. Како што јавуваат хрватските медиуми, момчето уште од четвртокот се води како исчезнато, а како завршил во шахта останува мистерија.
Според првичниот полициску увид, не станува збор за насилна смрт, бидјеќи на телото на момчето не биле пронајдени никакви знаци кои би можеле да го потврдат тоа.
19 годишниот студент Јурја Шимуниќ бил повлечено момче. Имал солиден упех на факултет и ретко запаѓал во невољи.

Неговите пријатели за хрватските медиуми велат дека во четвртокот, кога е виден за последен пат се однесувал сосема нормално. Бил на факултет и договарал активности по завршувањето на предавањата.
Кога дошол дома вообичаено седнал на ручек, но на половина јадење станал, истрчал од вратата и тоа е последен пат некој да го види жив.
Полицијата во Хрватска интензивно работи на расчистување на мистеријата

15.12.2013 - 22:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа