Идната година трипати повеќе средства за образование и обука на македонските граѓани

Со почетокот на идната година македонските граѓани на располагање ќе имаат трипати повеќе средства за образование и обука споредено со минатата година, благодарение на програмата „Еразмус плус“.

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека програмата „Еразмус плус“ е водечка програма  на ЕК и ќе им помогне на македонските ученици.

-Денеска е светол ден за образовниот систем во Република Македонија на сите нивоа, бидејќи со поддршката што денеска официјално нашата држава ја добива како дел од „Еразмус плус“ програмата на ЕУ за период од 2014 – 2020 година, голем број сегменти од македонскиот образовен систем, училишта, истражувачки центри и самите студенти и професорите влегуваат во големиот океан на можности кои што ќе им се дадат преку оваа програма, која што ќе рализира со исклучителна поддршка на Европаката унија, посочи Ристовски.

Од своја страна и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Дарко Димитров истакна дека сите инволвирани во програмата ќе можат да аплицираат во Националната агенција, која што ќе ја имплементира програмата на национално ниво.

-Република Македонија од оваа година рамноправно ќе учествува во програмата „Еразмус плус“ и со тоа сите отворени акции за Република Македонија ќе можат да ги користат студентите, професорите, училиштата, универзитетите, компаниите во сите области на образованието и на обуката, рече Димитров.

-Веруваме дека тоа ќе отвори нови можности на училиштата, универзитетите, центрите за истражување кои ќе може да ги користат средствата за подобрување на својата работа. И честитаме на вашата Влада што се придружи во оваа програма и ни помогна да ја имплементираме оваа многу важна програма, рече Педро Чавез, претставник од ЕК.

16.12.2013 - 13:38
Фото: 
КУРИР

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега