Буџетот за 2014 денеска повторно пред пратениците

Пратениците и денеска ќе расправаат за Буџетот за 2014 година. 

Во текот на вчерашната дебата која траеше до доцна вечерта, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека буџетот ќе  овозможи подинамичен економски раст преку реализација на капитални инвестиции. 

- Едната функција на Буџетот ќе биде да го компензира ефектот на се уште слабата европска економија и со поголеми капитални расходи да се постигнат повисоки стапки на економски раст, рече министерот и додаде дека Македонија е единствена во ЈИЕ која има фискален простор да го одржи нивото на буџетски дефицит на повисоко ниво со цел да ја помогне македонската економија.

Потенцира дека и во 2014 година ќе продолжи тенденцијата на подобрување на структурата, при што ќе има зголемување на капиталните расходи од 11,9 проценти за 2013 година на 12,7 проценти во 2014 година.

За социјлани трансфери се проектирани 77.667 милиони денари, за здравствена заштита се планирани 22.217 милиони денари, предвидени се и средства за нови социјални права, а за субвенции во земјоделството се предвидени за 5 милиони денари повеќе во однос на оваа година и ќе достигнат историско највисоко ниво од 140 милиони евра.

Опозицијата синоќа обвини дека Буџетот за 2014 година е неразвоен, нереален, со промашени проекти, уште едно предизборно манипулирање и купување гласови од пензионерите и социјалните случаи.

17.12.2013 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега