Што покажа допинг контролата на ракометарите од Вардар и Металург?

Агенцијата за млади и спорт денеска соопшти дека ги доби резултатите од спроведената допинг контрола извршена од страна на Националната анти-допинг комисија врз 15 ракометари на Металург и Вардар по случаен избор.

Михаил Чипурин, Златко Даскалоски, Игор Карачиќ Игор и Алексеј Раствортцев, како и Билјана Црвенкоска, Екатерина Костјукова, Нигена Саидова и Ина Суслина од РК Вардар и  Никола Кеџо, Игор Мандиќ, Раде Мијатовиќ и Златко Мојсоски, Драгица Митрова, Наташа Младеновска и Јована Саздовска од РК Металург, беа подложени на контролата за допинг која покажа дека ниту еден од 15-те ракометари не користел забранета супстанца од Листата на забранети супстанции и методи.

Од Агенцијата за млади и спорт информираат дека преку соодветната Комисија во наредниот период ќе продолжат со спроведувањето допинг контроли во Република Македонија.

17.12.2013 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега