Петмина приведени по вчерашниот меч Вардар - Металург

По инцидентот на вчерашниот ракометен натпревар помеѓу РК ”Вардар” и РК “Металург” iдентификувани и приведени петмина “навивачи”, информира МВР.

Според полицијата танува збор за 5 полнолетни лица, од кои четворица се приведени за време на натпреварот а 1 лице пред неговиот почеток.

МВР информира дека околу 17:15 часот пред базенот пред спортскиот центар Борис Трајковски едно лице откако претходно конзумирало алкохол почнало да ги навредува полициските службеници. 2гоишниот С.Ѓ. им с еобратил на полицајците со погрдни и вулгарни зборови. 

За време на одигрувањето  на меѓународниот  спортски  натпревар, од страна на навивачката група „Комити“ нарушен е  јавниот ред и мир,  лицатата откако претходно се довеле под дејство на алкохол,  почнале за  палат  и фрлаат во натпреварувачкиот простор повеќе пиротехнички средства, петарди, метални предмети  со што направиле  согласно Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски натпревари при што идентификувани и приведени се И.П.(22), А.М.(25), Ј.М.(33) и А.М.(31). На сите пет приведени лица издадени им се платни налози за сторен прекршок.

 

Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега