Се јавија Украинците: Не сме вмешани во нападот во Москва
Советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Михаил Подољак изјави дека Украина наводно не е вмешана во терористичкиот напад на Крокус Сити Хол.Советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Михаил Подољак изјави дека Украина наводно не е вмешана во терористичкиот напад на Крокус Сити Хол.
– Како прво, Украина се бори со руската армија повеќе од две години. И сè во оваа војна ќе се решава само на бојното поле. Само по количина на оружје и квалитетни воени одлуки. Терористичките напади не решаваат никакви проблеми, напиша Подољак на Х.
Второ, додава тој, Украина никогаш не прибегнала кон употреба на терористички методи.
– И трето, долго пред настаните во Крокус Сити Хол слушнавме јавни предупредувања од странските амбасади стационирани во Москва за можноста од такви крвави ексцеси, наведува Подољак.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа