Шест странски комапнии влегуваат во Македонија

Од 107 странски компании што ја посетиле Македонија во ноември, шест донеле конечна одлука да инвестираат во нашата држава. Ова на отворената владина седница го истакна директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида.

Тој информира дека се работи за италијанска компанија која произведува композитни материјали, две компании од автомобилската индустрија од САД и Турција, една турска тексилна компанија и две англиски компании, за консалтинг и за ИКТ.

Фида изрази надеж дека за две или три недели ќе можат да ги објават имињата на компаниите. Додаде дека во моментов преговараат со уште пет-шест компании.

Од работата на економските промотори, Фида е задоволен и потенцира дека тие секојдневно контактираат со компании.

- И овие компании се резултат од нивната работа. Работат интензивно и на промоција на извозот и на Македонија како туристичка дестинација, додаде Фида

21.12.2013 - 22:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега