ВИДЕО: Тројката на Бош избрана за потег број еден пред шоуто на Антиќ

Шоуто кое што го изведе Антиќ на 3,1 секунда до крајот на мечот со Шарлот, беше прогласено за втор најатрактивен потег на вечерта во специјалните изданија на Топ-10 во НБА лигата. 
Антиќ кој уфрли за три во последните моменти од мечот, беше вистински хит, но сепак големата марка во НБА Крис Бош, му го зеде приматот откако и тој со тројка од огромна далечина му донесе победа на Мајами против Портланд. Бош реализираше на 0,5 секунди до крајот, по што го доби признанието за потег број 1 пред дебитантот Антиќ. 

29.12.2013 - 13:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега