Гиговска ја објави „Аман”, спотот се снимаше во Египет

 

Инспирирани од една вистинска животна приказна, познатиот продуцент Роберт Билбилов, заедно со Антониа Гиговска создадоа совршено музичко ремек-дело.

Насловот на новата нумера е “Аман”, а доаѓа како инспирација од една смс-порака која гласела: “Мислев ти си ми таман, ама испадна АМАН”.

Токму оваа порака била доволна за продуцентот Билбилов ја направи оваа одлична композиција, а Антониа како и секогаш, брилијантно да ја пренесе таа емоција на публиката.

Песната беше објавена вчера на сите музички платформи, а коментарите за овој музички проект се и повеќе од позитивни.

“Аман се случи многу спонтано… Тоа е песна која зборува за однос кој веќе е скршен и никогаш повеќе не може да биде ист. Некогаш премногу очекуваме, па се разочаруваме. Пресреќна сум што ова е моја прва соработка со Роберт, а за мене веќе е успешна. Коментарите од луѓето се сите позитивни, што за песната што за изгледот, а и за спотот кој го режираше маестралниот Даниел Јовески. Се надевам дека “Аман” ќе допре до сите!” – вели младата музичка ѕвезда.

Она што е важно да се напомене е дека “Аман” е првата песна од вториот студиски албум “Жена”.

Инаку за новата песна уште пред повеќе од еден месец беше снимен и видеоспот во далечниот Египет, каде Антониа со својот тим од соработници отпатуваа на неколку дена.

Како што кажавме и погоре, режисер на спотот е познатиот Даниел Јовески.

05.05.2025 - 23:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега