Изложба на фотографии од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Во Музејот на Град Скопје вечер  ќе биде отворена изложба на фотографии „78 спомени од албумот на еден пријател на Скопје“, која е донација од Италија по повод 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Донатор е Лучано Алиеви од Милано,  кој во февруари годинава му ги подарил фотографиите на музејот. Фотографиите се извадени од албум кој во годините по земјотресот од 1963 го издало Новинско-издавачкото претпријатие  „Нова Македонија“. Алиеви  го купил албумот во книжарница во Белград и бил трогнат зашто таква катастрофа го погодила и италијанскиот регион Абруцо.

- Негова желба беше да ги подари овие фотографии на градот на кој му припаѓаат. За Музејот на град Скопје донацијата е значајна бидејќи го збогатува фондот на фотографии од катастрофалниот земјотрес. Но чинот на донирање е уште позначаен бидејќи е израз на пријателство помеѓу македонскиот и италијанскиот народ, кои по несреќите делат исти судбини, соопшти МГС.

Изложбата ќе биде збогатена со едукативни содржини на тема „Катастрофален земјотрес“ и ќе трае до 29 мај. 

најчитано сега