Лазаров и Дибиров меѓу најдобрите ракометари за 2013 година!

Handball magazine ги одбра најдобрите ракометари за изминатата 2013 година. На листата се најдоа капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров и играчот на Вардар, Тимур Дибиров.

Дибиров, според „Хандбол магазин“ се наоѓа во најдобриот тим за 2013 година, додека Кирил Лазаров се наоѓа во вториот најдобар тим за 2013 година. Покрај нив во магазинот се најдоа и Арпад Шетрбик (Барселона), Валентин Гонеа (Висла Плок), Филип Јиха (Кил), Домагој Дувњак (Хамбург), Ласло Наѓ (Веспрем) и Хулиен Агинагалде (Киелце), Матијас Андерсон (Фленсбург), Уве Генсхајмер (Рајн Некар Ловен), Микел Хансен (ПСЖ), Никола Карабатиќ (Барселона), Ханс Линдберг (Хамбург) и Седрик Сориандо Барселона).

02.01.2014 - 11:37
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега