Хит реакција, Мараја Кери дури сега дозна дека Кејти Пери била во вселената
Пејачката Мараја Кери беше изненадена кога за време на едно интервју дозна дека Кејти Пери патувала во вселената, а нејзината збунета реакција брзо стана хит.
Имено, за време на гостувањето на радиото на Би-Би-Си, водителот Скот Милс ја праша дали некогаш би размислила да оди во вселената, како Кејти.
„Таа отиде во вселената?“ праша Мараја изненадено, збунета од информацијата. Водителот потврди дека станува збор за вистински настан, но додаде дека патувањето „не траело долго“.
На тоа Кери љубопитно праша: „Каде отиде?“ Водителот објасни дека летала во орбитата и се вратила. „И тоа е вистина?“ продолжи пејачката со неверица. Милс инсистираше дека не е шега, истакнувајќи дека Кејти често зборува за искуството.
„Одлично, Кејти. Тоа е неверојатно“, заврши Кери со насмевка. Кога повторно ја прашаа дали самата би се одлучила за таков потфат, таа кратко одговори со смеа: „Мислам дека веќе направив доволно“.
Во април оваа година, Кејти Пери беше меѓу петте жени кои полетаа до работ на вселената. Лорен Санчез (сопругата на Џеф Безос), новинарката Гејл Кинг, поранешната научничка на НАСА, Ајша Боу, продуцентката Керијан Флин и активистката Аманда Нгуен, исто така беа во групата.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа