„Одберете го Антиќ за Олстар-викендот и ќе ви ја косам тревата цела година“ - Македонецот Иван го насмеа цел свет

Македонскиот фан на Перо Антиќ, Иван Менкиноски испрати креативна порака до двајцата поранешни славни НБА кошаркари, Шекил О’Нил и Чарлс Баркли, кои ќе ја прават селекцијата на кошаркарите за претстојниот Олстар викенд во Хјустон наречен „Ѕвездите во подем“.

- Драги Шек и Чак, ако го изберете Перо Антиќ да настапи на Ѕвезди во подем на олстар-викендот, тогаш ќе допатувам во САД и ќе ги косам вашите тревници до крајот на сезоната, вклучувајќи го и плејофот, и тоа користејќи само – ножички за сечење нокти“, стои во пораката Менкиновски, која преку ноќ го направи славен.

Пораката на македонскиот фан на Антиќ осамна и на официјалната веб-страна на Атланта хокс. Во статијата за пораката од Менкиновски, администраторот вели дека знаел дека македонските фанови се луди, но, дека пораката на Иван треба да се смести во посебна категорија на навивачка лудост.

 

07.01.2014 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега