Скопје меѓу најевтините градови во светот

Скопје се најде меѓу најевтините градови на листата на „Ekspatistan”, која се занимава со споредување на трошоците на живот во светски градови.

За најскап град е прогласен Лондон, каде месечна кирија за стан во просек е околу  4250 долари. За месечен билет за јавен превоз граѓаните трошат околу 215 долари.

Меѓу петте најскапи градови се најдоа Осло, Женева, Цирих и Њујорк, додека пак, Скопје се најде на дното на листата, меѓу Техеран, Гвадалахара, Дака, Мумбаи и Каиро.

За споредба меѓу градовите се земени цените на храната, лековите, превозот и месечната кирија.

 

 

09.01.2014 - 14:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега