ФОТО: Перо Антиќ на седмо место на листата на дебитанти во НБА лигата

Првиот Македонец во НБА лигата Перо Антиќ на листата на дебитанти се наоѓа на седмото место.Листата е објавена на официјалната страница на тимот на Атланта.

Антиќ во просек бележи 7,7 поени и 5,2 скокови по натпревар, а во просек игра по 22 минути, а досега успешно реализирал 12 тројки од 27 обиди, со 44 проценти на реализација.

Мајкл Картер Вилијамс од Филаделфија се наоѓа на врвот на листата.

10.01.2014 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега