Откажани сите полетувања и слетувања од скопскиот аеродром

Поради маглата денеска се откажани  сите полетувања и слетувања на авионите на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

За потсетување, утринава откажан беше и чартер летот на македонските ракометари кои требаше да отпатуваат за Данска каде што утре почнува 11-то Европско првенстов во ракомет. По неколку часови чекање тие со автобус тргнаа за Софија од каде што ќе летаат за Данска.

11.01.2014 - 15:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега