Не бил зависник од дрога- Џастин Бибер навлечен на сируп против кашлање

Верувале или не, покрај скандалот кој изби пред одреден период дека младиот пејач Џастин Бибер е зависник од дрога, во американските медиуми се појавија информации дека тој следејќи ја праксата на многу рапери, станал голем обожавател на сируп против кашлање кој содржи кодеин.

Тој сируп не може така лесно да се набави, а неговата „улична“ цена се движи околу 800 долари по шише.

Лекот може да се набави само преку лекарски рецепт, но ТМЗ тврди дека Бибер има „врски надор од САД“ кои му набавува сируп на црно.

Извори блиски до пејачот тврдат дека Бибер целосно е „навлечен“ на сирупот и дека неговото семејството го поттикнува да оди на лекување од зависности, но дека тој тоа засега го одбива.

20.01.2014 - 12:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега