Нова шанса за вредни награди - во понеделник второто извлекување на "Фискална во рака-награди без мака"

Доколку сте собирале фискални сметки сега имате нова шанса. Поради огромниот интерес на граѓаните, второто извлекување на наградната игра Фискална во рака-награди без мака""  ќе се изврши наредниот понеделник, а во ова извлекување ќе учествуваат ковертите, пристигнати до приредувачот во периодот од 15.11.2013 година до 26.01.2014 година до 24:00 часот. 

 Во второто извлекување ќе се извлекуваат добитници на бројни вредносни ваучери и еден автомобил, како и во третото, четвртото, петтото и шестото, а сите неизвлечени коверти од овие извлекувањата ќе учествуваат во седмото извлекување кое ќе се реализира на 30 јуни 2014та кога покрај вредносни ваучери и автомобил ќе се извлекуваат и еден стан и еден дуќан. Наместо девет ќе има вкупно 13 извлекувања ( секој месец по едно) ќе може да се учествува со фискални сметки кои носат најран датум од 15.11. 2013. 

 

 Само за потсетување во првото извлекување кое се одржа на 30.12.13,  беа доделени вкупно 153 награди меѓу кои беа првиот стан, дуќан, автомобилот Пежо 208, велосипеди, компјутери, фотоапарати, бела техника, аудио и видео техника.

 

 Добитниците на вредносните ваучери од првото извлекување, ваучерите може да ги подигнат од Благајната на Државна лотарија на Македонија во Скопје, а голем дел од нив тоа веќе го сторија и веќе ги подигнаа и своите производи од продажните места на соработниците. Сите добитници на ваучери во вредност до 5.000, 00 денари, кои не се од Скопје, а се оневозможени својот ваучер да го подигнат од Благајната на Државна лотарија на Македонија, своите ваучери ќе ги добијат со препорачана пошта на адресата која ја навеле на листот со личните податоци. Доколку не сте во можност својот ваучер да го подигнете од благајната на Државна лотарија на Македонија, јавете  се во контакт центарот на Државна лотарија на Македонија на тел 02 323 77 77  во работни денови од 8 до 20,00.

 

Повеќе за наградната игра на: https://www.facebook.com/DrzavnaLotarija

 

 Второто извлекување на наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА-НАГРАДА БЕЗ МАКА може да го проследите во понеделник 27.01.14 на МТВ1

 

21.01.2014 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа