Уште еден водител на X-Factor доби отказ

Актерот Бане Јевтиќ, кој до претходниот вторник беше зад сцената во најгледаното музичко шоу на Балканот, целосно ја прекина соработката со „Икс-фактор“, наводно поради обврските околу снимање нов филм.

 

Toj на почетокот беше главен водител на шоуто но подоцна во првата емисија во живо беше заменет со еден од испаднатите кандидати, Славко Калезиќ, кој пак беше заменет од водителката Ана Михајловски-Грубин.

 

Во претходната емисија зад сцената на нашата водителка Снеже Велков наместо Бане, друштво и правеше Уна, која од вечерва ќе продолжи да ги води разговорите зад сцената.

 

Бане наводно добил отказ бидејќи не бил доволно добар, но од продукцијата за „Мондо“ велат дека спогодбено ставиле крај на соработката, без никакви недоразбирања.

 

 

21.01.2014 - 20:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега