Жељко: Даниел конечно пееше на мајчин јазик и беше фантастичен

По настапот на Даниел Кајмакоски со песната Сонце не ме грее од Лозано, за кој Даниел изјави дека е меѓу неговите омилени пејачи, а таа песна е меѓу најомилените, од жирито доби само пофални зборови.

Кога на ред за коментар дојде неговиот ментор, Жељко Јоксимовиќ, ја искористи приликата да каже јасно и гласно дека Даниел конечно пееше на мајчин јазик, исправајќи ја грешката од минатата емисија.
 
Жељко повторно и во живо се извини за лапсусот кој го направи минатиот вторник и ги пофали Македонците кои биле многу гостопримливи при нивниот заеднички настап со Даниел во Охрид
21.01.2014 - 22:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега