ВИДЕО: Поради оваа проститутка Рибери и Бензема ќе заработат три години казна затвор

Започна судењето на француските репрезентативци Франк Рибери и Карим Бензема кои во 2008 година се осомничени поради ангажирање на малолетна проститутка.

Фудбалерите се теретат за ангажирање на Захија Дехар која тогаш имала само 16 години, а притоа и платиле и авионски билет да допатува во Париз. Напаѓачите на Баерн Минхен и Реал Мадрид не присуствуваа на почетокот на судењето, кое требаше да се одржи уште на почетокот на јуни минатата година.

Рибери своевремено призна дека платил за сексуални услуги, но се бранеше дека не знаел дека проститутката Дехар е малолетна, додека Бензема ги негираше сите обвинувања.

Доколку се утврди дека се виновни, Рибери и Бензема би можеле да добијат тригодишни затворски казни.

 

22.01.2014 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега