Ставрески: Државниот долг е намален за 4 процентни поени од времето на СДСМ

Македонија зела најмалку кредити од сите земји во Европа во изминативе 5 години.

Долгот на земјава во моментов изнесува 34,3 % од БДП и е 4 најнизок во Европа.

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, во изјава за Сител вели дека  државниот долг на крајот на 2005 како последна година во којашто опозицијата беше на власт долгот беше 38,4 %.

-Споредено со 38,4 % денешниот долг од 34,3 % е понизок за 4 процентни поени, изјави Ставрески.

Министерството за финансии проектира дека во наредниот период дефицитот ќе се намалува, што ќе доведе до одржување на задолженоста на ниско ниво.

Според Ставрески, исто колку што е долго колкав е долгот, значајно е и што се постигнало со парите од кредитите.

Ваквите позитивни придвижувања се должат на владините политики спроведени во повеќе сектори.

-Регионалните и локални патишта кои ги реализиравме исто така помогнаа да се поврзат многу рурални средини со градските средини или, пак, да се реновираат некои регионални патишта низ Република Македонија, а секако, круна на тоа ќе биде изградбата на новите автопати од Скопје до Штип и од Кичево до Охрид како прв сегмент во изградбата на нови автопати во Република Македонија. Се работи за комплетни, добри проекти коишто се неопходни за да се подобри животот на граѓаните во Република Македонија, истакна Ставрески.

Лани Македонија исплатила 256 милиони евра кон странство, што придонесува земјава да остане во групата ниско задолжени.

04.02.2014 - 23:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега