Камбовски предложен за претседател на Комисијата за настаните од 24-ти декември

Aкадемик профeсор д-р Владо Камбовски е предложен за претседател на експертската комисија за настаните кои се случија на 24 декември минатата година во македонското Собрание.

- Ги повикуваме двете партии да се изјаснат по овој предлог на претседателот Иванов, со цел формирање на ад-хок комисијата и што поскоро започнување со нејзината работа, со крајна цел исполнување на постигнатиот политички договор од 1-ви март и целосно фокусирање кон евро-атлантските интеграции на Република Македонија, во пресрет на одржувањето на состанокот на Европскиот совет, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Инаку, Владо Камбовски е актуелен претседател на Македонската академија на науките и уметностите, академик и професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

ФОТО: Дневник 

 

 

најчитано сега