Најгледаната турска серија наскоро во Македонија

„Calıkusu“ или Lovebird е новaта телевизиска серија што доаѓа од Турција.

Оваа серија е убедливо најгледана во конкуренција на сите теленовели што се емитуваат во моментов, а рејтинзите потврдуваат дека лесно може да биде и најгледаната теленовела воопшто во Турција. 

Ваквиот интерес на гледачите ги оправда огромните вложувања во серијата која важи за една од најскапите и најраскошните досега снимени во оваа земја.

На гледачите, кои како маѓепсани ја следат секоја епизода, оваа безвремената љубовна приказна на познатиот турски писател Решат Нури Ѓунтекин им ја доловуваат најпопуларните турски актери Бурак Осчивит, кој ја толкуваше улогата на Бали Бег во “Величествениот“ и прекрасната Фахрие Евџан која ни е позната како Неџла од легендарната “Кога лисјата паѓаат“.

Јасно е дека и гледачите во Македонија нема да им биде скратено задоволство да го следат овој нов Турски мега хит, а на која телевизија ќе го следиме останува да видиме во наредниот период.

08.02.2014 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега