Одлично звучеа но не влегоа во финале - еве што пишуваат српските медиуми за Македонија

Во втората полуфинална вечер ниту Македонија не успеа да се пласира во финалето на Евросонг иако Есма и Влатко звучеа одлично, пишува денеска српскиот портал Телеграф.

Есма Реџепова и Влатко Лозановски кои настапија на втората полуфинална вечер на Евросонг и звучеа одлично сепак не успејаа да се пласираат, со што ниедна поранешна југословенска земја не влезе во финалето на овогодинешниот Евросонг.

Изгледа Босанците се најпаметни што воопшто не ни настапија, пишува Телеграф.

најчитано сега