Македонскиот олимпиец Дамјановски: Не го продавам мобилниот - се пишуваат глупости!

Македонскиот олимпиец Дамјановски се огласи на Фејсбук и ја демантираше веста која излезе во медиумите дека го продава телефонот кој го добил од организаторот на ЗОИ во Сочи.

-Значи, ова новинарите што го пишуваат нема ништо точно, телефонот не се продава, но има многу други кои ги продаваат. Па така нашите новинари не знаат ништо паметно да пишат или да се јават да ме прашаат како течат игрите, тие пишуваат глупости. Значи, телефонот на Дарко не се продава и нема цена некој да го плати, поздрав од Сочи, напиша на својот Фејсбук профил, Дарко Дамјановски.

Претходно тој на социјалната мрежа напиша Почитувани продавам телефон Самсунг ноте 3 од Олимписки игри во Сочи, ефтино 450 евра, пишете во инбокс.

13.02.2014 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега