Старото кино во Кисела Вода прераснува во нов Дом на културата

Старото кино во Кисела Вода со нов лик. Министерката за култура Елизабета канческа Милеска заедно со градоначалничката на општината, Билјана Беличанец Алексиќ, денеска информираше дека ќе се реконструира старото кино и ќе се адаптира во нов, мултифункционален објект.

- Кисела Вода е една од најстарите општини. Граѓаните заслужуваат да имаат совршен објект со мултикултурна функција и добра културна понуда во интерес на збогатувањето на културниот живот, истакна Канческа Милевска на прес-конференција, додавајќи дека ќе продолжи владината поддршка за развој и збогатување на културниот живот во локалните самоуправи.

Градоначалничката на Кисела Вода истакна дека во иднина за да се погледне театарска претстава, концерт, изложба, најново филмско остварување, нема да има потреба да се патува до централното градско подрачје, бидејќи на жителите на Кисела Вода уметноста ќе им биде на дофат.

- На уметниците, пак, ќе им понудиме современи услови за творење и уметничко изразување, амбиент за нивен личен професионален развој, подвлече Беличанец Алексиќ.

Киното се наоѓа во срцето на општина Кисела Вода и преку постојната улична мрежа е одлично поврзано со центарот на градот. Располага со површина од околу 950 метри квадратни, а ќе се реконструира со средства од државниот и Буџетот на локалната самоуправа.

13.02.2014 - 12:34
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега