ВИДЕО: Google создаде смартфон со 3Д сензори

 

Google претстави прототип на смартфон со сопствен хардвер и софтвер што овозможува создавање на тридимензионални мапи на средината што го опкружува корисникот.

Сензорите на уредот вршат над 250.000 3Д мерења во секоја секунда и ја ажурираат својата позиција во реално време.

Според  Google оваа технологија има потенцијална примена во видео игрите и мапирање на затворен простор, што ќе го олесни самостојното движење на лицата со оштетен вид.

Компанијата обезбеди 200 прототип уреди на експертите за развој на апликации, со соопштение дека Одделот за напредна технологија и проекти телефонот го развил како дел од проектот „Танго“.

21.02.2014 - 20:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега