30 години од откривањето на ХИВ вирусот

Екипа француски вирусолози, предводена од проф. Лук Монтание, во американското списание „Сајанс“ од 20 мај 1983 година го открија и опишаа новиот вирус, изолиран од серопозитивен пациент.

Тој првично беше наречен ЛАВ, за подоцна да се преименува во ХИВ. Тоа е вирусот што предизвикува СИДА, пренесуваат француските медиуми.

Улогата на вирусот за болеста СИДА беше потврдена следната година од страна на американската екипа на проф. Роберт Гало.

Водечки специјалисти од светот, на симпозиум во Париз од 21 до 23 мај, се подготвуваат да дадат оптимистичка оценка за борбата против СИДА-та за да ја одбележат годишнината.

И покрај непрекинатите истражувања уште не постои вакцина што ја спречува СИДА-та.

Засега надежите се врз трајната ремисија по запирање на лечењето и разработување на стратегии за напади врз скривниците на вирусот во организмот, од каде тој повторно може да го завладее.

СИДА-та веќе зеде 30 милиони жртви. Од вирусот на ХИВ се заразени 34 милиони лица во светот. Секоја година од болеста умираат околу 1,8 милиони лица. 

најчитано сега