Што напишаа медиумите од регионот за победата на Даниел

Даниел Кајмакоски има X-Factor. Вака српскиот Ало известува за победата на Даниел. Еден од најпознатите таблоиди пишува дека Даниел ќе биде награден со автомобил Мини Купер и парична награда од 10.000 евра.

„Со секој свој настап, Даниел се повеќе и повеќе ја воодушевуваше публика и жирито. Неговата победа е сосема заслужна“, пишува српски Курир

„Даниел Кајмакоски е прв, Тамара е втора, Маид трет“ пишува Пулс, без некоја посебна анализа на вечерта

„Првата сезона успешно заврши а Даниел несомнено ја заслужи првата награда бидејќи го очекува пат до светската слава“  пишува Свет

Македонецот ДАниел Кајмакоски е победник на X-Factor, пишува Радио Сараево

По повеќе месечни симпатии кај публиката, победата ја однесе Македонецот со славејски глас, кој уште од почетокот беше фаворит, пишува босанскиот весник, Независне новине

24.03.2014 - 01:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега