ФОТО: Познати актери се пошегуваа на сметка на Ким и Канје

Откако вчера на насловната страна на списанието „Вог“ се појави старлетата Ким Кардашијан со нејзиниот свршеник Канје, старлетата беше пресреќна и изјави дека конечно и се исполнила најголемата желба. Но оваа вест предизвика лоши коментари и кај публиката и кај нејзините познати колеги.

На социјалните мрежи имаше секакви коментари во кои „читателите на модната библија се згрозени од фактот што старлетата Ким успеала да стигне до насловната страница на Вог, а од коментирање не се воздржаа ниту многу познати личности.

Меѓу нив се и актерите Џемс Франко и Сет Роџен, стари обожаватели на двојката Ким – Канје.

Двајцата актери на Инстаграм  покажаа колку би била подобра насловната страница на Вог  со нив двајца на неа . Монтираната фотографија , Франко ја објави на својот профил со коментар за „невестата“. Сет ! Те сакам куче мое. 

 

24.03.2014 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега