Почина Тито Виланова?

Поранешниот тренер на Барселона, Тито Виланова починал во болница откако денеска итно бил префрлен по компликации настанати поради долгогодишните проблеми кои ги има со ракот. Информацијата нема официјална потврда но забрзано се шири по социјалните мрежи. Некои шпански веб сајтови велат дека добиле потврда од болницата, но највлијателните шпански медиуми, се уште не ја објавуваат оваа информација. 
Марка пишува единствено дека Виланова е во тешка состојба и дека врз него се изведува комплициран оперативен зафат.

25.04.2014 - 00:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега