Обезбедувањето го претепало бидејќи повраќал

18- годишниот Рајко Ристиќ од Србија во саботата вечерта отишол кај својата другарка на прослава на полнолетство во едно кафуле во центарот на Белград, и од таму излезе со крв, бидејќи како што тој тврди бил претепан од младите чувари! 

- Бев кај другка ми на роденден и околу 4 часот и 30 минути ми беше ложо бидејќи малку повеќе испив. Неможев да издржам повеќе и морав да се олеснам па повратив во клубот. Во тој момент дојоа момчињата од обезбедувањето и ме исфрлија надвор. Кога ми беше подобро тргнав накај тоалетот да се измијам а славеничката дојде со мене да ми донесе вода. Во тој момент и обезбедувањето дојде со нас. Беа петорица и почнаа да ме удираат и да ме шутираат. Бев на доктор за среќа немам ништо скршено, но целиот сум изгребан вели Рајко кој поради повредите носи медицински ремен околу вратот.

Таткото на Рајко откако дознал што се случило веднаш го пријавил случајот и поднел пријава против момчињата од обезбедувањето.

 

 

 

 

 

28.04.2014 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа