Уште еден Косовец загина во Сирија

Уште еден косовски Албанец загина во Сирија. Како што пренесуваат косовските медиуми станува збор за Егзон Авдули, по потекло од Пеќ, но неколку години живел во Норвешка, од каде и заминал за  Сирија да војува како џихадист.

Бројот на убиени Косовци кои војуваат во Сирија постојано расте. Пред Авдули на десетти овој месец, медиумите јавија за убиството Валон(Шабан) Муслиу(22) од косовското село Тушил,кај Скендерај(Србица).

Во борбите во Сирија неофицијално се борат најмалку 300 Косовци,  а животите ги загубиле десетина. Нивните тела не се носат во родните места туку се погребуваат во Сирија.

По се поголемиот број млади кои заминуваат во Сирија и Ирак, како и зголемениот број жртви,поглаварот на Исламската верска заедница на Косово, Наим Трнава ги повика сите млади Косовци кои војуваат во Сирија и во Ирак да се вратат во Косово. Тој вети дека ИВЗ и косовските инситуции ќе им овозможат реинтеграција во општеството.

- Ги повикувам сите млади кои војуваат во Сирија и во Ирак да се вратат дома. Овој апел, го упатувам и како Поглавар на ИВЗ и како родител, - изјави Трнава.

Според него во Сирија и во Ирак не се води света војна а овие млади се измамени од  одредени групи и поединци кои не му посакуваат добро на Косово.

30.04.2014 - 12:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега