Самсоненко: Судиите не уништија со Фленсбург - ќе приговараме до ЕХФ и ИХФ

Првиот човек на ракометниот македонски шампион Вардар, Сергеј Самсоненко, јавно го искажа својот револт во врска со судењето на арбитрите на мечот во 1/4 финалето во ЛШ со Фленсбург, најавувајќи дека ќе испрати протест и до ЕХФ и ИХФ. 

„Не можам да кажам кој организираше вакво судењето, но знам дека ние заслуживме да одиме на фајналфор. Затоа ние ќе пратиме протест и во ЕХФ и во ИХФ и во медиумите во Европа. Знаеме дека не може сега ништо да се направи, но сакаме да се види што се случуваше на натпреварот и сакаме да повикаме да не се случува истово во иднина. Не нѐ боли тоа што нема да играме на фајал форот, туку тоа што неспортски испаднавме. Кога цела година екипата работи напорно, вложува средства и сили и на крај доаѓаат двајца луѓе и прават криминал. Ова е една од најтешките ситуации во мојот живот. Ова е грев да се направи во град кој има три клуба во ЛШ“, рече Самсоненко.

Од клубот најавија и видео материјал со цел да ги поткрепат своите тврдења, за грешките на судиите.

„Сакаме да пратиме молба и барање до останатите клубови во Европа. Да формираме асоцијација, или орган, кој ќе биде независен, составен од експерти, може од поранешни судии, чесни луѓе, кои ќе ја информираат јавноста и федерациите со цел да ги заштитат клубовите од намерно нечесно судење. Истовремено тие би им помагале на судиите, јас знам дека и тие се луѓе и прават грешки и со тек на време би претставувале авторитативно тело. Ракометот е еден од спортовите, кој е во најлоша состојба во Европа, бидејќи многу клубови банкротираат. Јас како инвеститор можам да ви кажам дека такво судење ги одбива оние што сакаат да вложуваат“, додаде Самсоненко.

30.04.2014 - 15:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега