Безмилосна припадничка на безбедносните сили - со потпетици газела затвореник

Се суди поранешната припадничка на силите на босанските Хрвати, Индира Камериќ, која е  обвинета за злоупотреба на затвореници во Босански Брод, сведок Бранислав Надиќ изјави дека обвинетата учествувала во малтретирање на затвореникот Јово Дуиќ кого го газела со потпетици.

- Човекот стенкаше од тепање. Беше гол до појас. Беше голем човек“, рече Надиќ. 

„Една жена, која држеше метална шипка, пријде и почна да го удира. Му скокаше на градите со чевли што имаа [високи] потпетици“, изјави сведокот.

Надиќ додаде дека Дујиќ, од високите потпетици, имал исеченици по телото и модринки од ударите. 

„Кога се беше готово, човекот што беше со мене ми рече дека нејзиното име е Индира“, изјави Надиќ. 

На прашање на обвинителството, дали може да ја препознае жената во судница, сведокот покажа на обвинетата. 

Камериќ, поранешна припадничка на 101-та босанско бродска бригада на ХВО, е обвинета дека во 1992 година, физички и психички малтретирала српски и бошњачки цивили и воени затвореници, кои биле приведени во полициската станица и објектот на фудбалскиот стадион ФК “Полет“ во Босански Брод. 

Судењето продолжува на 8.мај

30.04.2014 - 16:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега