Мајката на малата Нора, девојчето кое го зави Балканот во црно, очекува бебе

35- годишната Дана, мајката на малата Нора, која почина поради ужасна болест и го зави Балканот во црно, очекува бебе и како што вели таа, нов живот за нив.

Таа моментално е во четвртиот месец од бременоста, а за неколку дена ќе го дознаат и полот на бебето.

 

-Пресреќна сум. Ова е нов живот за нас. Откако ја изгубивме нашата Нора, ова е единствена светла точка во нашиот живот, вели таа за  24sata.hr.

Малата Нора иако беше оперирана и почна да закрепнува, сепак  ја изгуби битката со болеста. Смртта на малото ангелче го зави целиот регион во црно.

 

Нејзиното семејство помина низ болен и тежок период, а сега конечно им се насмеа среќата со ново бебенце кое преставува нова надеж за нив.

30.04.2014 - 17:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега