Воз му ја отсече ногата на 47 годишен маж - го ограбиле додека му давале прва помош

Пред неколку денови се случи страотна несреќа на главната железничка станица во Белград кога воз му ја отсече ногата на маж кој во тој момент поминувал на пругата.

Според најновите податоци, се работи за Љубомир Ивановиќ кој освен што преживеа страотна несреќа, за ситуацијата да биде уште потрагична, бил и ограбен во моментот кога му пружале прва помош.

- Разочарана сум. Му украле 37 илјади динари од кожната јакна додека бил на земјата и му пружале помош. Ова е ужасно, вели неговата сопруга за српскиот Ало.

Несреќата се случила кога возот кој сообраќа на релација Белград-Ниш, удрил во мажот кој се обидел да биде побрз од возот во движење. Машиновозачот не можел да го забележи човекот, а според увидот, несреќниот маж бил самиот виновен.

01.05.2014 - 10:26
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа