Каталонскиот голман Штербик минува во редовите на Вардар

Чуварот на мрежата на Барселона Арпад Штербик, има големи шанси да мине во редовите на македонскиот ракометен шампион РК Вардар. 

Вакавата трансфер сага според некои информации е веќе договорена, и веќе од наредната сезона Штербик треба да го облече вардаровиот дрес. 

Условите за трансфер биле договорени изминатиот викенд, а се очекува „црвено-црните“ да го потврдат преминот по одржувањето на фајнл-фор во Лигата на шампионите, каде Штербик заедно со Барселона ќе го бркаат пехарот.

01.05.2014 - 12:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега