ФОТО: Детето кое го освои светот со својот талент

11- годишниот  Душан Кртолица од Србија е талентиран  млад сликарски гениј  и неговите уметнички дела веќе го воодушевија светот, а за неговиот талент беше и напишана статија во американскиот магазин "Huffington Post".

Ова момче од Белград црта од својата втора година, а веќе на осум години имал и две самостојни изложби.

Своите неверојатни нови цртежи, кои изобилуваат со голем број на детали, младиот Душан неодамна ги претстави на нова изложба која се одржа кон почетокот на април.

Овие цртежи, претежно нацртани со графитно моливче или хемиско пенкало, најчесто претставуваат слики од животни, вклучувајќи ги и суштествата од праисторијата.

02.05.2014 - 14:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега