Почина Илија Атанасовски

На 64 годишна возраст денеска почина Илија Атанасовски – Ико, еден од основоположниците на самостојната федерација, првиот генерален секретар на ФФМ по приемот на Фудбалската федерација на Македонија во ФИФА и УЕФА.

Илија Атанасовски – Ико повеќе од половина век го посвети на фудбалот. Како активен фудбалер во ФК Вардар, ФК Тетекс и ФК Југококта, тренер во ФК Југококта и ФК Македонија, функционер и автор на монографијата „Сите ние сме големо семејство на фудбалот“, монографија од 500 страници посветена на фудбалската историја на Македонија.

Илија Атанасовски – Ико, 14 години ја извршуваше функцијата Генерален секеретар во ФФМ, фудбалски работник кој искрено и со срце несебично се вложуваше за развој на фудбалот во Македонија, човек за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Ќе биде запаметен како еден од големите спортски работници кој знаеше да ги препознае, застапува и брани интересите на македонскиот фудбал.

Илија Атанасовски – Ико е роден на 26 март 1950 во Тетово.

03.05.2014 - 00:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега