Со ловџиска пушка си пукал во срцето - се убил бидејќи не можел да го прехрани семејството

Со истрел од ловџиска пушка во срцето, 49 годишниот Драган Арнаутовиќ од Владимировац, Србија си го одзел животот. Причина за самоубиството, како што пишуваат српските медиуми е сиромаштијата во која што се наоѓал Драган, односно дека не можел да го прехрани своето семејство во кое имал осум деца од кое најмалото е туку што родено.

Драган во неделата си стрелал во срцето во дворот зад семејната куќа.  Неовото тело го пронашала неговата сопруга. Бидејќи Драган давал знаци на живот таа повикала Брза Помош кој го префрлила во општата болница во Шабац каде што им подлегнал на повредите.

Драган неодамна останал без работа, а во последно време почнал и да пие. Неговата сопруга која работела како учителка за српските медиуми вели дека неодамна му била дијагностицирана болест со која не можел да се помири

05.05.2014 - 22:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега