Си пукал во срцето - се самоуби татко на осум дечиња

Уште една трагедија ја зави Србија во црно. Татко на осум деца се самоуби, пукајќи си во срцето.Според податоците од српскиот Ало, Се работи за 49-годишниот Драган А. кој вчера навечер си пукал со пушка во срцето и оставил осум дечиња да раснат без татко. 

- Кутриот издржуваше осум дечиња, три синчиња и пет ќеркички, како и мајката и сопругата. Најстарото синче му е шесто одделение, а најмладото му се роди пред еден месец. Најверојатно се убил бидејќи не можеше веќе да ги издржува, срцето ќе му пукнеше од грижи и тага, велат извори, но од друга страна неговата сопруга за Ало.рс тврди дека парите не биле причина за неговото самоубиство, туку дека тој имал здравствени проблеми.

Соседите велат дека бил добар човек, но му било тешко да издржува десет лица. Се снаоѓал како знаел и умеел. Тие се загрижени што сега ќе прават осум дечиња без татко и без средства за живот.

06.05.2014 - 09:55
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега