Марко Јариќ ја моли Адријана Лима да се смират

Сопругот на најпосакуваниот модел на Викторија Сикрет, Марко Јариќ ја потврди веста дека се разделуваат,бидејќи како  што вели нивните односи се лоши, а негативната енергија не сакаат да ја пренесуваат на своите ќерки.

Јариќ откри дека не се работи за конечна одлука, туку за кратка пауза:

„Уште не знаеме што ќе биде. И двајцата сакаме да поработиме на себе, да видиме до каде сме. Нема никаков скандал. Одлучивме секој ден и двајцата да поминуваме време со децата, не мораме заедно, може и одвоено или како и да е.“

Во разговорот со водителот, Марко откри дека Адријана била љубоморна на секое негово патување во Белград.

„Адријана, како и секоја останата жена, секогаш беше малку љубоморна. Кога сум тука сигурен бев дека гледа што се случува и што медиумите објавуваат за мене. Ако некој дознае нешто лошо за мене и ако го објави – секоја чест, но да измислуваат некои информации, тоа е навистина непријатно. Тогаш колку и да ти верува некој, мораш да објасниш,“ искрено признал во разговорот.

Од друга страна пак пријателите на Јариќ откриваат дека тој одлучил да го спаси бракот со бразилската убавица.

"Марко се обидува да ја врати Адријана, со која помина полни осум години. Кога објавија дека се разведуваат Јариќ се најде на удар на јавноста зошто се разведува од таква жена. За време на одвоениот живот, меѓутоа, Марко сфати дека неговата љубов кон Адријана не е згасната. Тој се труди околу неа како што тоа го правеше на почетокот на врската, а ни таа не е рамнодушна, па не е невозможно наскоро да објават дека ќе му дадат уште една шанса на бракот. Таа отсекогаш истакнуваше дека е традиционално воспитана и дека посакува нејзините ќерки да растат со двата родитела, што на Марко му дава ветер во грб" – вели извор близок на Јариќ.

И покрај гласините дека двојката се разделува бидејќи Јариќ бил неверен соседите на Марко во Белград велат дека кошаркарот никогаш не го виделе со ниедна девојка.

14.05.2014 - 09:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега