Димевски во трка за претседателското место на ФИБА Европа

Во новите избори за претседател на ФИБА Европа, учество ќе земе и нашиот претседател на Македонската кошаркарска федерација Даниел Дмевски како и Тугај Демирел од Турција. 

Утре во Минхен со почеток во 10:45 часот 51 европска федерација ќе го избира новиот предводник на Европската Куќа на кошарката,  а по изјаснувањето на делегатите и пребројувањето на гласовите, претставен ќе биде новиот претседател на ФИБА Европа, кој во недела наутро ќе го има својот прв состанок со новиот Борд на Европската Федерација.

Победникот на изборите ќе биде трет претседател на ФИБА Европа од одвојувањето во Европска зона на ФИБА, наследувајќи ги Џорџ Василокопулос, кој одработи два мандати на позицијата и Олафур Рафнсон, чиј мандат беше прекинат поради неговата прерана смрт. Моментално функцијата ја извршува Сирел Команс, до утрешниот избор на новиот Претседател.

Превземно од basketball.org.mk

16.05.2014 - 15:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега