Ѓорѓиев: Владата будно ја следи состојбата со водостоите на реките во Македонија

Македонската Влада будно ја следи состојбата на терен, по катастрофалните временски непогоди во Србија, Босна и Хрватска.

Во Македонија состојбата засега е стабилна. Нивото на Пчиња е над дозволеното, но во Македонија нема опасност од големи поплави. Надлежните будно ја следат сосотојбата, со екипи на терен.

Иако состојбата засега е мирна, владиниот портпарол истакнува дека тоа не значи дека треба пасивно да се следи.

-Напротив, ние активно, внимателно, секојдневно на тековна основа ги следиме состојбите, проценките за развој на ситуацијата. Во меѓувреме бевме известени дека ситуацијата со водостоите во реките во Македонија е стабилна, односно сите водостои се наоѓаат под нивото на просеците кои што се забележителни и карактеристични за месец мај, истакна Ѓоршиев.

Исклучок е само реката Пчиња каде за еден ипол пат е зголемен протокот. Тоа се должи на фактот што водите во определена мерка се добиваат од страна на течението кое кореспондира со Република Србија.

-Затоа првично интервентно е реагирано. Државните и локалните институции, на цивилната заштита, локалните служби имаат приоритет Старо Нагоричане, Куманово, Петровец, се разбира и Владата и нејзините органи интервентно на потегот на реката Пчиња да ги расчистат сите критични точки, тесни грла. Ќе биде дејствувано на соодветен начин и на потезите на реките Вардар, Треска и Лепенец се со цел да не се дозволи да се доведеме во една подраматична состојба која би можела да влијае на имотот на граѓаните на Македонија, истакна за Сител Шоршиев.

Инаку, Владата на Република Македонија во рамки на своите можности ќе им помогне на Србија и Босна и Херцеговина, по страшното невреме кое нанесе огромни материјални штети.

Понудена е помош до Европската цивилна заштита. 75 лица ќе отидат во Србија и Босна, меѓу нив специјалци од МВР и од министерството за одбрана, ќе бидат испратени   45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати, чамци, кебиња, лекови и медицински персонал.

16.05.2014 - 19:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега